Македонија, Словенија и Црна Гора ќе бидат домаќини на женското Европско првенство во ракомет во 2022 година, одлучи ЕХФ денеска на состанок во Глазгов.
Заедничката кандидатура на овите три држави беше единствена за организација на ова ЕП, па очекувано ЕХФ денеска само ја официјализираше.
Првичниот план е четирите групи да се играат во Скопје, Подгорица, Целје и Љубљана, каде би требало да се одигра завршницата на турнирот. Тоа значи дека Македонија би била домаќин само на групата каде што ќе игра нашата репрезентација, натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.
ЕХФ потврди и дека Европското првенство во 2022 година за мажи ќе се одржи во Унгарија и Словачка.