6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Македонија е единствена во светот, која своите „свиркачи“ ги враќа на работа во МВР

Веројатно не постои земја во светот, која во својот безбедносен систем нема пронајдено кртови, пишува аналитичарот Александар Пандов.

„По правило кога ги откриваат тие завршуваат со долгогодишни затворски казни, во бегство со политички азил (Асанж, Сноуден), а во одреден број на држави нивното законодавство за ваквите предвидува смртна казна! Македонија е единствена во светот, која своите ”свиркачи” Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, кои патем речено по втор пат го прислушуваат македонски премиер и државниот врв, првиот пат беше 2000-2001 за соборување на Љубчо Горгиевски со аферата ”Големото уво”, а и во двата случаи по барање на Верушевски, читам ќе бидат вратени на работа во МВР, а сигурен сум и унапредени. Каков пример испраќа Оливер Спасовски на останатите вработени, прислушувајте, тргувајте со прислушуваните матријали и за тоа ќе бидете наградени?- пишува Пандов.