Македонија е во полуфиналето на ЕП за јуниори, Естонија демолирана

137

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија не израдува со пласман во полуфиналето на Европскиот шампионат (Б дивизија).

Македонските јуниор во четвртфиналето на ЕП за кошаркари до 18 години во Ородеа, Романија, ја декласираа селекцијата на Естонија со 92-57 и обезбедија пласман во полуфиналето.

Уште на самиот почеток, избраниците на селекторот Тони Симиќ покажаа дека петте победи во групната фаза не биле случајно, па по само десет минути игра имаа предност од 24 поени разлика (30-6), па во продолжението се беше полесно. Најголемата предност на мечот која ја имаа жолто-црвените изнесуваше 35 поени разлика.

Најефикасен во нашата селекција беше Андреј Јакимовски со 17 поени (и 10 скокови), а него го следеа Андреј Андоновски  со 16 и Виктор Исајловски со 11 поени  .

Во полуфиналето кое на програмата е утре  од 19:30 часот Македонија ќе се игра со победникот од мечот Израел и Шведска. Воедно, тоа ќе биде и двојна шанса на нашите кошаркари да се изборат за медал, но и место во елитната А дивизија на континенталното првенство догодина.

Во првото полуфинале кое на програмата е од 17:30 часот ќе играат Полска и Чешка. Полска во четвртфиналето беше убедливо подобра од  Грузија со 67-44, додека Чешка ја победи Португалија со 83-74 .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.