Македонија го одбележува меѓународниот ден на аутизмот

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром “ВО МОЈОТ СВЕТ” – Скопје симболично ќе го одбележат Меѓународниот ден на аутизмот втори април редејќи голема сложувалка-симбол на аутизмот пред Дневниот центар за деца со аутизам.

 Дневниот центар за деца со аутизам е неодамна отворен и е лоциран на  улицата Втора Македонска бригада б.б., Топанско поле (во зградата на Заводот за рехабилитација на деца и младинци).