Македонија Ѓорче Петров загуби на гостувањето кај Алашкерт со 3-1

Македонија Ѓорче Петров загуби на гостувањето кај Алашкерт со 3-1 во рамки на првото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Нашата екипа можеби не заслужи вака убедлив пораз, барем според прикажаната игра на теренот.

Никита Танков по 16 минути игра го донесе домашниот тим во водство. Во 52-та минута Ален Јашароски погоди со глава за 1-1. Данило Секулиќ го врати Алашкерт во водство, а точка на натпреварот стави Нето во 82-та минута откако си постигна ефектен автогол за конечни 3-1.

Реванш средбата е идниот четврток на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.