Македонија гостува на Исланд во квалификациски дуел за ракометното ЕП

233

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 21 часот и 45 минути во Рејкјавик против Исланд ќе го одигра натпреварот со кој ќе биде заокружено 4.коло во четвртата квалификациска група за Европското првенство.

На натпреварот одигран во четвртокот во Скопје избраниците на селекторот Раул Гонзалес славеа победа со 30:25 и на реваншот во Исланд ќе се обидат да ја повторат играта од „Борис Трајковски“ и да освојат барем бод кој би бил од голема важност во конечниот редослед на табелата.

На првиот дуел од 4.коло вчера Чешка ја совлада Украина со 32:25 и с епроби на првото место.

Табела: Чешка 4 бода (4 натпревари), Македонија 4 (3), Украина 4 (4) и Исланд 2 (3).

Пласман на ЕП 2018 во Хрватска ќе обезбедат првите две репрезентации на крајот од квалификациите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.