Mакедонија има најскапи за здравствени во регионот

34

Со новото зголемување од 20 отсто, Македонија, ќе има највисоки цени за здравствените услуги, а особено во кардиохирургијата, рече во понеделникот, Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, министерот за здравство, Венко Филипче заедно со директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев во нов милионски скандал. Повторно се полнат џебовите на поединци со народни пари.

Филипче и Дончев наместо да обезбедат за граѓаните навремена и соодветна здравствена услуга, тие ги ограбуваат. Министерот и директорот на Фондот на почеток на годинава ја префрлија детската кардиохирургија во приватна клиника, а сега ги зголемуваат цените за кардиохируршки операции. Станува збор за цени повисоки од околу 20 проценти, а надлежните, замислете, се вадат со тоа демек се зголемиле цените на потрошниот материјал за кардиохируршки интервенции“, рече опозициската претеничка.

Истакна дека цените на останатите хируршки интервенции остануваат исти и се непроменети веќе долг период. Кардиохируршките операции, пак, кои се вршат во две приватни клиники во Скопје добиваат нови далеку повисоки цени. И за кардиохируршките операции кои се прават токму во овие приватни клиники цените се покачуваат двапати во текот на една година!

Со ова покачување на цените, ваквите интервенции во Македонија станаа поскапи дури и од оние во болниците во регионот како Бугарија, Србија, Турција и слично. Ова е само уште еден дополнителен скандал во здравството. Филипче и Дончев го распродаваат здравството. Тие треба да бидат изметени со метлата на Заев, и тоа веднаш, заклучи Стојаноска

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.