Македонија во извештаите на ЦИА

Македонија во извештаите на ЦИА, се појавува уште во периодот кога тогашна Југославија ги раскинува односите со Инфобирото. Неодамнна беа објавени повеќе разузнавачки извештаи на ЦИА кои до неодамна имаа статус на врвна тајна.

Најголемиот отпор кон Тито е во етничките и националистичките закани

Ако се погледне наназад, можеби најважната тематика која е опфатена во извештаите на ЦИА е тоа што во 1949-тата, непосредно по раскинот на односите помеѓу Југославија и СССР, САД сметале дека целиот отпор или можниот отпор кон Тито би можел да се детектира во етничките и националистички закани.

Оваа точка на гледиште ќе ја формулира перцепцијата на САД за овие групи во текот на цели децении, оставајќи од 1960-тите експертите од навидум неповрзани области, како социолози (нешто што денес ќе се вика „интердисциплинарен  влез“) да го идентификуваат етничкиот и националистички карактер на опозицијата на Тито, којашто ќе го надживее периодот на диктаторот и повторно ќе се појави на драматичен начин една деценија по неговата смрт.

Прашање на време е кога Македонија ќе стане независна

Прашање на време е кога Македонија ќе стане независна
ЦИА во 1949: Прашање на време е кога Македонија ќе стане независна

Македонија во извештаите на ЦИА се појавува во 1949-тата година, каде се вели дека примарната опасност е што малцинствата во Југославија може наводно да потпаднат под пропагандата на Советите, „да го отфрлат режимот на Тито за ветениот приоритетен третман“.

Во извештајот што долго време имал статус на врвна тајна се смета дека „одредени малцински групи“ во Македонија, Црна Гора и другите југословенски групи би можеле да го отфрлат режимот на Тито. Во извештајот директно се именувани Македонците, а другите малцински групи како што се Албанците, Хрватите и Србите не се.

Според заклучокот на ЦИА, прогласувањето независност на Македонија е само прашање на време кога ќе се случи. Сепак не се образложува дали таквото прогласување може да се очекува од внатрешните македонски групации, или пак од оние во Бугарија или Грција.

Егзодусот на Македонците од Егејска Македонија
Егзодусот на Македонците од Егејска Македонија

– Постојат извесни малцински групи во Црна Гора, Македонија и можеби во другите југословенски републики, кои што би го нападнале режимот на Тито во замена за ветување за приритетно третирање од страна на СССР… Прогласувањето на „независна“ Македонија би имало успех во напорите да се задобие поддршката на поголем број југословенски Македонци, барем во текот на 1949-тата. Во случај на посериозна закана во било кое време од 1949-тата Тити би можел да организира масовна преселба на Македонците во другите области на Југославија.  Тој исто така би можел да ја прекине југолсовенската поддршка за грчката герила, па дури и да воспостави некаков однос со грчката национална власт. Ова меѓу другото било наведено во еден од извештаите на ЦИА.

Последните две политики се случиле токму како што и се предвидело, додека првата, „масовни депортации“ всушност биле спроведени од страна на грчката десница, а прифатени од страна на Тито.

Проценките на ЦИА за Југославија

Националниот разузнавачки совет на САД објави збирка од систематизирани разузнавачки извештаи за Југославија, кои што го покриваат периодот од раскинот на Тито со Сталин од 1948 до 1990 година, во очи на распадот на Југолсавија и тоа како трета публикација – првите две беа псоеветени на Кина и Виетнам. Појавата на овие документи ги открива и сите дилеми што се јавуваа во Вашингтон околу неврзаната положба на Југославија и како во времето што следело се формирал односот кон тоа прашање.

Документите, од кои некои се постари и од пет децении, претставуваат проценки и заклучоци на најдобрите експерти од редовите на разузнавачката заедница на САД во тоа време. Во предговорот на збирката сокументи на ЦИА за Југославија пишува:

Нашата цел е да ги соединиме најдобрите умови што може да се најдат поради разгледување на најширокиот спектар на мислења и ставови за цњелосно да се истражат алтернативните претпоставки и можности.

Собирањето и систематизирањето на расположливите разузнавачки извештаи за ова издание побарувало напор од поголем број луѓе. Најангажирани биле Џон К. Ален од разузнавачкото аналитичко биро на ЦИА и Мартин ван Ховен, поранешен разузнавачки функционер за Европа.

Голем придонес дал и Ли Хамилтон, директор на Меѓународниот центар „Вудро Вилсон“. Овој долгогодишен конгресмен и член на Одборот за надворешна политика давал поддршка на Српскиот конгрес за обединување и на тогашниот претседател Мирослав Мајк Ѓорѓевиќ од самото основање. На почетокот на 90-тите тој на раководството на оваа организација му рече дека една од грешките на САД е тоа што извештаите за БиХ на амбасадорот од Белград, Ворен Цимерман се некритички прифаќани.

Во уводот на книгата меѓу другото стои и ова:

Дури ни раѓањето на шесте држави што некогаш беа во составот на Југославија не е крај на оваа приказна. Тоа е, додуша, почеток на друга приказна која што дипломатите, воените експерти и преставниците на невладините организации, во моментв активни во Ргионот, подготвение да ја проврат и да ја потврдат. Ако е точно дека историјата учи, тогаш ова запазување трреба пообемно да се применува во областа, во којашто, по се изгледа, често на несреќен и беспомошен начин, живее народот кој повеќе сака да живее во минатото, отколку во соочувањето со иднината“.

Зошто Југославија воопшто била важна за САД?

Париска мировна конференција
Париска мировна конференција

Интересот на САД за Балканот датира од самото создавање на југословенската држава. По Првата светска војна претседателот Вудроу Вилсон и неговите советници, беа многу ангажирани во изработката на мапата на иднината на Балканот пред и за време на Париската мировна конференција. Остана запаметена неговата реченица за време на доделувањето на Ореденот на слободата на Михајло Пупин, веднаш по Париската мировна конференција:

Ти си добар Американец, затоа што си добар Србин. (Иако во Вашинготн во последните 20-тина години нерадо се сеќаваат на овој настан и на оваа реченица).

Кога земјите членки на Инфобирото на 28-ми јуни 1948-мата ја осудија Југославија поради тоа што води непријателска политика кон Советскиот сојуз и го исклучија Белград од Сојузот, изненадувањето во Вашингтон, како и секаде на Запад беше целосно.

На веста за одделувањето, Вашингтон не бил способен или подготвен да делува, иако уште во февруари 1947-мата американскиот конзул во Белград Џон Кебот предупредувал на можноста на раскинување на релацијата Белград – Москва. Во јуни 1947-мата, Кебот повторил дека југолсовенските интереси „можеби не ги следат секогаш слепо руските инструкции“. На 7-ми јули 1947 – мата следело уште едно негово предупредување во кое што се тврди дека „конфликтите на интересите со Русија се неизбежни“. Кога оваа порака му ја покажале на тогашниот државен заменик секретар Дин Ачесон, тој, според извештаите, врз текстот напишал „ЃУБРЕ“.

Една година подоцна, поточно на 18-ти јуни 1948 –мата, новиот конзул Р. Борден Римс, јавува во Вашингтон дека „е уверен дека постои дефинитивно раскинување на односите помеѓу Белград и Москва“.

Раскинот помеѓу Југославија и СССР во извештаите на ЦИА

Во ова окружување по раскинот и заладувањето на односите (што нема да се промени до смртта на Сталин), постоела загриженост дека СССР би можел да дејствува против Југославија. Најважниот заклучок на овие извештаи е дека ЦИА не очекувала дека Советите и нивните држави – сателити нема да се вклучат во директна воена акција против Југославија во 1949-тата, но се сметало дека „пограничните инциденти со Југославија најверојатно ќе се зголемат“.

Сталин и Тито
Сталин и Тито

ЦИА исто така очекувала „понепријателска, но неефективна прпаганда“ за Југославија и додава дека не се очекува „поголема герилска војна“ 1949-тата. Како заклучок ЦИА очекувала дека режимот „нема да преставува неподнослива препрека во 1949-тата“.

Овој заклучок се заснова врз истражувањето на трите правци на движење на Сталин штио би можеле да следат како одговор на Југословенскиот режим. Тие биле: употреба на државите сателити во директна војна, советска инвазија или поддршка за „организирана герилска војна“. Третата опција се сметала за најсериозна, но сепак не многу возможна.

Можноста за воен напад врз Југолавија од страна на ЦИА била веднаш исклучена, затоа што Југословенската армија во тоа време била „втората по големина и втора најкомпетена армија во Источна Европа“.

Во периодот на 1949-тата ЦИА предвидела дека Сталин нема да ги поддржи герилските борби затоа што би била сметана како прогласување на војна кон Тито. Што е уште поинтересно извештајот навестува дема Тито ќе преземе „драстични против-мерки“ против сите закани по неговото владеење, вклучително и спонзорирање на герилски војни во албанија и Бугарија, кои што би создале „сериозни потешкотии посебно за „несигурната власт на Хоџа во Албанија““.

Колапс на титовата визија

Освен за состојбите во Југославија и во Македонија во извештаите на ЦИА се дава и едно предвидување дека на визијата на Тито и престои колапс.

Ниту комунистичката партија, ниту југословенската народна армија не се способни да ја зачуваат федерацијата. Партијата е во распаѓање, армијата го загуби престижот поради силната комунистичка идентификација и затоа што многумина во Југославија ја сметаат за институција со која што доминираат Србите, пишувале разузнавачите на ЦИА.