Македонија како Див Запад: Оружени грабежи насекаде, сторителите на слобода

Во Македонија никогаш полесно не било да се ограби банка. Доволно ви е малку храброст, маска, оружје за да го направите тоа. Полиција и онака никаде нема, така што, рецептот е повеќе од успешен.

Во рок од една недела се случија два грабежи на банки. Во првиот настрада експозитурата на Стопанска Банка во населбата Аеродром. Разбојникот среде бел дел, околу 11:30 часот, кога е најголемата гужва, влегол со оружје во банката и од вработените украл пари. Не му било гајле дали има луѓе, дали некој ќе повреди едноставно тоа што му требало го добил.
Втора банка ограбена по истиот рецепт среде бел ден во најголема гужва во 9:30 часот, во  експозитурата на Халк Банка на улица „Бутелска“. Овде грабежот го извршиле три непознати лица, маскирани и вооружени со пиштоли, кои откако ги одезеле парите го напуштиле местото.

Но листата на грабежи не завршува тука. На разбојниците мети им се и спортските обложувалници. Па така, само пред неколку дена беа ограбени две обложувалници на „Спорт Лајф“ во ист ден на идентичен начин во исто време што сугерира дека станува збор за добро вооружена банда.
Првиот грабеж се случил во 21:30 часот, во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана на улица „Франц Прешерн“ во населбата Влае, од страна на три маскирани лица, вооружени со пиштоли кои го земале дневниот промет. Вториот грабеж во 21:40 часот во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана на улица „Лондонска“, во населба Тафталиџе, само еден километар подоле и пак повторно три маскирани лица со оружје.

Дрскоста на овие грабежи е неверојатна. Нормално и овде сторителите не се пронајдени.

Но, Спорт Лајф не е единствената. Грабеживе заземаат епидемилошки размери. На улица „Петар Манџуков“, во обложувалницата „Златна Копачка“ по истото сценарио, непознат сторител, маскиран вооружен со пиштол го одземал дневниот промет. 

Продавници, апекти, трафики се исто така на мета на разбојниците. Нивниот пристап е неселективен, а вперувањето на оружје стана секојдневие за жителите на Скопје.
Единствена светла точка кај овие немили настани е што нема жртви при ваквите ограбувања.

Не треба да сте експерт за да се забележи дека безбедноста на граѓаните е максимално нарушена. Несигурноста се врати на улиците низ Македонија и не потсети на некои одминати времиња кои сакаме да ги заборавиме. Она што е загрижувачки е што досега нема ниту едно уапсено лице или пак некој да изведен пред лицето на правдата што праќа порака дека секој може да си прави што сака.
Време е МВР за се однесува поодговорно и да си ја работи онаа работа за која се платени, а тоа е безбедноста на граѓаните на Република Македонија.