Македонија на 71. место на најновото рангирање на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија е на 71 место на најновото рангирање на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) со што забележа пад од три позиции во однос на месец јануари.

На листата најголем прогрес забележа освојувачот на Купот на Азија – Катар, Тие напредуваа за 38 позиции и сега се на 55 место на листата.

Јужна Кореја се искачи за 15 места до 38 место, а Јапонија напредуваше за 23 места, до 27 позиција на ФИФА рангкингот.

Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на ЕП, Полска е на 20 место, Австрија на 23-то, Словенија 63-то, додека Летонија е на 131-во место.

Нема промени меѓу најдобрите десет, прва е Белгија, потоа следуваат Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.