Македонија на дното по квалитет на живот во регионов

Македонија и главниот град Скопје се на дното по квалитет на живот, минатата, но и оваа година. Ова се податоци од Нумбео.ком, база на податоци за земјите од целиот свет. Со посебни формули кои се достабни на веб страната во рамки на квалитет на живот се пресметува степен на загаденост во земјите, животен стандард, здравствената заштита на граѓаните, степенот на нивна безбедност.

Во 2018 година по квалитет на живот водат Валенсија, Љубљана и Загреб, а Скопје е на дното. Пред главниот град на државава е Рим и Сараево.

За 2019 година податоците за изминативе месеци од годинава говорат дека Скопје е пак на дното на листата од 16 земји во Југоисточна Европа.