Македонија напредуваше девет места на ФИФА листата

Нашите репрезентативци напредуваа за две позиции на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација забележаново напредување на ФИФА рејтинг листата, и то а за девет места.

На ноемвриското рангирање објавено четвртокот од страна на светската фудбалска федерација, „црвено-жолтите“ се најдоа на 76-то место, што претставува скок за девет позиции во однос на минатиот месец.

Прогресот на македонската репрезентација се должи на победата над Норвешка во пријателскиот дуел во Скопје (2:0).

На врвот на листата и натаму е Германија, пред Бразил и Португалија. Во првите десет селекции уште се и Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 21-ви декември.