Македонија официјално извозник на разладени производи од живина во ЕУ

живина

Како што рече Поповски на прес-конференција, ќе може да се извезуваат само разладени производи (гради, копани,…), но не и преработки од живинско месо.

-Ова претставува голема можност нашите компании да ги пласираат производите, како и  за развој на бројлерското производство и на целокупниот живинарски сектор, истакна Поповски.

Според него, ова се должи на напорите на АХВ во последните две години за отворање на сите пазари.

Агенцијата за храна наскоро очекува да добие одобрение за извоз и на преработки од живинско месо.