Македонија остана без полиција – Што точно направи Спасовски со телеграмата која ја испрати вечерва?

Македонија остана без полиција - Што точно направи Спасовски со телеграмата која ја испрати вечерва?
Македонија остана без полиција - Што точно направи Спасовски со телеграмата која ја испрати вечерва?

Во моментов Директорот на Бирото за јавна безбедност нема овластување да издаде наредба за акција на припадниците на специјалните единици, дури ниту во ситуација кога би имало киднапирање на дете или пак терористичка закана. Последната телеграма на техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски комплетно го блокираше Министерството.
Извори од МВР за Прес 24 велат дека одлуката на Спасовски е незаконска и многу штетна. Според нив, таа може да биде сфатена и како повик од некои криминално-терористички структури бидејќи го става безбедносниот систем во ранлива позиција.
За ситуацијата да биде уште полоша, говори податокот дека полицијата не може да приведе ниту едно осомничено лице без одобрение на Министерот.
Кадри кои со години работат во Министерството за внатрешни работи за Прес24 велат дека вакво нешто никогаш не се случило во полицијата. Според нив, со ова се покажува дека Спасовски воопшто нема познавања во областа на безбедноста и полициското работење што може да нанесе огромна штета на граѓаните на Македонија

Со ова одлука Спасовски практично ја развласти целата полиција и ја претвори во приватна полиција која ќе дејствува само по негова наредба. Од вечерва, полицајците кои апсеа дилери, педофили и убијци веќе немаат овластуваа.

Спасовски преку телеграма вечерва им ги одзема овластувањата на сите вработени во полицијата.