Македонија остана на 68 место на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација остана на 68 позиција на најновата ранг листата на ФИФА, иако меѓу двете последни промени на листата одигра два натпревари.

Победа дома против Лихтенштајн 4:1 и пораз во Ерменија 4:0.

Прва репрезентација на светот е Белгија со само еден бод повеќе од Франција. Бразил е трет, Хрватска четврта а Англија петта по големата победа над Шпанија. Во Топ 10 се уште и Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.