Македонија останува умерено задолжена земја

Јавниот долг на Македонија на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра што претставува 48,5 отсто во однос на БДП. Државниот долг, пак, изнесувал 4.344,4 милиони евра, односно 40,5 отсто во однос на БДП.

Ова се бројките наведени во Годишниот извештај за управување со јавниот долг за 2018 година, усвоен од Владата на денешната141 седница.

Како што посочија од владината прес-служба, со ова ниво на државен долг Македонија останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долгот на земјите на ЕУ, кој на крајот на 2018 година изнесува 80,8 отсто.