Македонија по 50 години добива државна кардиохирургија, првите операции за неколку недели

119

За прв пат по пет децении Македонија ќе ја добие првата државна кардиохирургија, а првата опереција би требало да се направи во следните три до четири недели, потенцираше во своето обраќање премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при промоцијата на Отчетот за сработеното во изминатите три години.

„Првпат по 50 години во Македонија, Владата ја основа првата државна кардиохирургија, со што се решава еден повеќедецениски проблем, а првата операција треба да се случи во наредниве две до четири недели“, рече Груевски.

Тој го истакна значењето и од изграбдата на ПЕТ-Центарот и новиот Клинички центар во Скопје , притоа нагласувајќи дека активно продолжува размената на кадри и добука на доктори.

Груевски се осврна и на рекоснтрукцијата и опремувањето на голем број клиники, болници и здравствени домови ширум земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.