Македонија поразена од Русија

Македонската женска ракометна репрезентација претрпе висок пораз во првиот квалификациски натрпревр за пласман на Европското првенство во Хрватска и Унгарија, годинава. Избраничките на селекторот Ристо Магдинчев, се поразени на гостувањето кај Русија со 36:23.
Русинките уште од самиот почеток го наметнаа посакуваното темпо, поведоа со 3:0, а потоа до крајот на првото полувреме успеаја да ја зголемат позитивата на шест гола (18:12). “Црвено – жолтите” на стартот од вториот дел намалија на четири погодоци негатива, но веднаш потоа следеше серија на Русија за најголемо водство 25:17. Во 45. минута домаќинките за прв пат дојдоа и до десет гола позитива (29-19), па потоа рутински го довршија мечот.
Георгиевска и Десподовска беа најпрецизни македонскиот тим со по шест погодоци, Митрова го заврши натпреварот со четири, додека Грозданоска, Илкова и Младеновска по два пати се запишаа во листата на стрелците