Македонија прегазена од Шпанија, но шансите остануваат

Македонската ракометна репрезентација во првиот меч од Групата 2 од вториот дел Европското првенство во Хрватска во неделата вечерта во Вараждин го забележа првиот пораз на турнирот од Шпанија со убедливи 20:31 (6:15).

Македонските ракометари, се чини, изгореа од амбициите со поволен резултат да ги уште вечерва против актуелниот европски вицешампион да ги зголемат шансите за пласман во полуфиналето. Но уште на почетокот од мечот не функционираше одбраната 5-1 како ни нападот „7 на 6“. Шпанците, пак, беа немилосрдни во казнувањето на секоја грешка во противникот во нападот, а македонската селекциија во првотѕо поливреме ги имаше вкупно 14.

Пех за македонската игра беше во 11 минута кога со грч на лицето и со болка во бутниот мускул играта ја напушти капитенот Кирил Лазаров, кој потоа не влезе во игра до крај на дуело). Во 19-та минута Георгиевски намали на 5:8, но потоа следуваше серија од 7:0 на „црвената фурија“ за највисоки 10 разлика (5:15). Во првото полувреме Шпанија постигна 7 голови од контранапади.

На почетокот на вториот дел Раул почна со „втората постава“ од игра излегоа Стоилов, Манасков, Георгиевски, Ристовски и додека Миркуловски воопшто не влезе во игра. И во составот на Шпанија ја немаше најдобрата постава на веќе решениот натпревар. Растоварени од резултатот во овој дел беа голманите Перез и Митревски.

Најефикасни во македонскиот состав беа Дејан Манасков и Стојанче Стоилов со по 4 голови, а Митревски имаше 13 одбрани. Кај Шпанците Едуардо Гурбиндо постигна 6, а Феран Соле и Дриан Фигуерас по пет голови.

Утре е слободен ден. Македонија следниот натпревар го игра на 23-ти јануари (вторник) против Чешка од 20,30 часот.

На чело на табелата е Данска со 6 бодови, Шпанија и Германија имаат по 4, Македонија остана со 3, Чешка има 2, Словенија само 1 бод.