Македонија пример во регионот, земјите ни завидуваат на постигнатиот раст

раст

Српските економисти и експерти велат дека освен со Македонија и земјите од регионот оваа борба ќе ја водат и со подалечните пазари кои се во развој, како што се на пример Чиле, Тунис и слични на нив.

„Ние сме 47 место на листата на Дуинг Бизнис, Македонија, на пример, е 10 та, битката да се биде конкурентен мора да продолжи, бидејќи ова е голем регион и сите земји сакаат да постигнат раст“, вели Небојша Савиќ, декан за факултетот за економија, финансии и администрација.

Македонија според најновиот извештај на Светска банка, реномираниот Дуинг бизнис 2017 е меѓу најдобрите 10 светски и пет европски економии за водење бизнис.

Нашата држава е најдобро рангирана земја во цела Источна Европа. И оваа година е лидер во регионот според условите за водење на бизнис и е рангирана подобро од Словенија која е на 30-тата позиција, потоа Романија која е на 36 позиција, а Бугарија и Хрватска се на 39 и 45 позиција, а Србија на 47. Најлош ранк годинава од земјите од регионот има Босна и Херцеговина која е на 81 место во светот од вкупно 190 земји.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола груевски, ова е една од поважните работи затоа што оваа работа е предуслов за отворање на нови работни места а со тоа и зголемување на стандардот на населението.

„Според не било кој, туку според Светска Банка Македонија е 10-та во делот на најдобра бизнис клима при тоа мерејќи ги сите земји во светот. Македонија е на 5-то место во Европа. Четири земји кои што се пред нас во Европа се Велика Британија, Шведска, Норвешка и Данска. Нависитна малку работи можат да се најдат каде што сме во првите 10 во светот а ова е една од поважните работи затоа што оваа работа е предуслов за отворање на нови работни места а со тоа и зголемување на стандардот на населението“, истакна Груевски.

Ваквите високи рангирања според Груевски се како резултат на мерките и реформите кои се спрофведени во изминатите години со кои се олеснува работењето и животот на компаниите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.