Македонија се отру од загаден воздух

Власта во текот на зимата постојано смислуваше одговори што е најголемата причина за загадувањето во Скопје и државата, но сепак еве времето и се стопли, значи помалку греење по домаќинствата, а сепак не се менува реалната состојба каде мерните станици покажуваат ПМ 10 честички над дозволените мерки во повеќе градови.

Четири македонски града се на листата на најзагадени градови во светот во 2018 годинас поред анализата изработена од меѓународната невладина еколошка организација „Гринпис“ и „Ај кју ер вижуел“, група со седиште во Швајцарија што глобално го следи аерозагадувањето.

Скопје, Тетово, Куманово и Битола се на листата на најзагадени градови во 2018 година. На листата, на која се наоѓаат 3.000 града, Тетово е највисоко, на 169-то место, Куманово на 261-то, Битола на 280-то и Скопје на 315-то место. Помислата дека доаѓа пролетта, дека деновите се подолги и посончеви воопшто не ја менува реалната состојба, а таа е дека пали кој ќе стигне и каде ќе стигне, депониите „работат“ со полна пареа, ац врстите честички ослободени од ваквите согорувања и натаму остануваат во воздухот, а луѓето ги вдишуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.