Македонија се пласира на ЕП во Австрија

Младинската ракометна репрезентација на Македонија се пласира на Европското првенство во Австрија на лето годинава. До пласман н апревенството  избраницие на Зоран Петковски стигнаа со три победи, а во последното коло од седмата квалификациска група го совлдаа фаворизираниот Исланд со 21:15.

Црвено – жолтите само во првите 20 минути од натпреварот имаа проблем со отпорот на Исланд, но во останатиот дел од натпреварот постојано го контролираа резултатот. Талески уште еднаш беше предводник на нашиот напад со 11 голови, но Исланѓаните ги добивме со фантастичната одбрана предводена од голманот Ивановски, кој беше убедливо најдобар чувар на мрежата од четирите селекции на овој квалификациски турнир.

Натпреварот против Исланд, Ивановски го заврши со 14 одбрани. Со овој успех само се потврдува фантастичното реноме на македонскиот ракомет, па така по одличните резултати на сениорите, сега учество на големите натпреварувања обезбедуваат и нашите младинци и кадети.

.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.