Македонија шест позиции понапред на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација направи скок од шест места и сега се наоѓа на 71-то позиција на ФИФА ранг-листата објавена денеска.

Напредокот на „црвено-жолтите“ се случува без тие да имаат активности меѓу двете последните рангирања на ФИФА.

Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија (100. место), Лихтенштајн е 180-ти, а Гибралтар се наоѓа на 195-тото место.

Лидер е Германија пред Бразил и Белгија. По нив во ТОП 10 следуваат: Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Полска, Чиле и Шпанија.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 19-ти јули.