Македонија со една нога во финалето на Евролигата

Македонската одбојкарска репрезентација е со една нога во финалето на Евролигата, откако во првото полуфинале на домашен терен ја совлада селекцијата на Црна Гора со 3:1 ( 25:23, 25:22, 21:25, 25:20). Избраниците на селекторот Жарко Ристоски уште еднаш го покажаа својот фантастичен карактер,гинеа на теренот, а ваквиот пристап им овозможИ да ја нанижат осмата победа во ова натпреварување.

„Бескрајно сум горд на моите избраници, на начинот на кои играат за државата и бележат одлични резултати. Црна Гора воопшто не е наивен противник, но ние одигравме квалитетно и со срце и заслужено славевме. Ова ни е осма победа во последните месец дена, не се сеќавам некоја друга македонска репрезентација, во било кој спорт, за толку кусо време да наниже толку многу победи во едно меѓународно натпреварување. Сето ова е заслуга на моите играчи, кои одиграат уште еден херојски натпревар во националниот дрес. Ова е се што ќе кажам, а народот нека одлучи дали овие момци се новите спортски херои на Македонија“ , Ристоски.