Македонија во група со Хрватска, БиХ, Австрија, Тунис и Иран на СП во Катар

Македонската машката ракометна репрезентација на Светското првенство во Катар, нарднатагодинаќе биде во група Б со селекциите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Австрија, Тунис и на Иран.

Противниците во група со познати, со кои ги имаме одмерено силитепретходно, но и релативно лесна според квалитетот, бидејќи е избегната Германија. Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа, ја отвори манифестацијата, а потоа следеше ждребот.

Македонија беше во третиот барабан, заедно со селекциите на Русија, домаќинот Катар и Алжир, со напомена дека Катарците можеа да бираат во која група ќе играат.
Група А: Шпанија, Словенија, Белорусија, Бразил, Чиле, Катар
Група Б: Македонија, Хрватска, БиХ, Австрија, Тунис, Иран
Група Ц: Франција, Шведска, Чешка, Египет, ОАЕ, Алжир
Група Д: Данска, Полска, Аргентина, Бахреин, Германија, Русија