Македонија во светскиот врв според стапката на невработеност

Македонија во моментов го дели шестото место со Ангола во светот според стапката на невработеност од 20 проценти, покажува рангирањето направено од „Голд брокер“.

Недостижен на врвот е Конго со 46 отсто невработеност, втора е Босна и Херцеговина со 35 отсто, а трето Косово со 30 отсто.

Пред Македонија се само уште Јужна Африка со 27 отсто и Нигерија со 23 отсто.

Веднаш зад Македонија следуваат Грција и Јордан со по 18,6 проценти, Боцвана со 18,1 отсто, Либија со 17,7 отсто, Етиопија со 16,8 отсто, Оман и Руанда со по 16 отсто, Тунис со 15,5 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.