Македонија втора дестинација за инвестиции во светот, ама се „китиме“ на стара слава

Реномираниот глобален магазин Сајт Селекшн ги соопшти најдборите инвестициски дестинации во светот, меѓу кои Македонија во периодот од 2010 до 2018 се најде на високото второ место. Сепак овој успех не сме сигурни колку е постигнат во последната година бидејќи , повеќе од три недели „НетПрес“ чека одговор од Дирекцијата за странски инвестиции, Министерството за финансии и Владата за тоа колку вкупно инвестиции се влезени во земјата во последната година, како и за колку странски инвестиции е заслужен посебниот советник за странски инвестиции Љубе Бошковски.

Имајќи ја предвид тешкотијата во споредувањето на зоните во светските региони, оваа година селекцијата на и ги испитала глобалните корпоративни инвеститори и консултанти за веб-страници за да ги именува своите избори за Топ Слободни трговски зони во светот, организирани по региони. Второ, овој магазин се осврна на податоци обезбедени од страна на инвестициските консултантски соработници кои следат 2.722 инвестициски проекти во повеќе од 280 слободни зони надвор од  САД од декември 2010 до јануари 2018. Користејќи ги овие податоци, се креирани два индекса: оној кој ги рангира првите 20 зони според вкупните проекти, нивните капитални инвестиции и бројот на отворени  работни места; и втората што ги рангира првите 20 зони по глава на жител користејќи податоци за населението на ниво на држава.

Според магазинот, Македонија е рангирана на високото второ  место во категоријата на најдобри 20 зони според проекти, капитални расходи и работни места по глава на жител а врз основа на спроведена  методологија  за 2,722 корпоративни инвестициски проекти за крајни корисници во 280 зони ширум светот од декември 2010 до јануари 2018 година, индексирани според најновите бројки за населението.

Високото рангирање на Македонија е валоризација на досегашните напори и активности. Оваа валоризација  дополнително ќе влијае нови компании да ги разгледуваат можностите за инвестирање во Македонија и да ја ставаат на нивната инвестициска мапа се повисоко, велат од ТИРЗ.

Во прилог линк од магазинот:

 https://siteselection.com/issues/2018/nov/ports-and-free-trade-zones-windows-on-world-trade.cfm?utm_source=InvestorWatch&utm_medium=email&utm_campaign=Editorial

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.