Македонија втора на Балканот според резерви на злато

286

Светскиот совет за злато (World Gold Council/WGC) објави нов попис на земјите кои ги имаат најголемите резерви на злато, а на прво место се САД со 8.133.5 тони.

На листата се наоѓаат 100 најбогати земји, а на второ место е Германија со 3.377.9 тони, а на третото Меѓународниот монетарен фонд со 2.814,0 тони.

Меѓу 10 најбогатите се наоѓаат и Италија, Франција, Кина, Русија, Швајцарија, Јапонија и Холандија.

Кога станува збор за Балканот најмногу злато поседува Србија (18,8 тони) и се наоѓа на 63 место. Следува Македонија на 77 место која има 6.9 тони.

На 88 место е Словенија со 3.2 тони, додека Босна и Херцеговина со 3,0 тони која се напѓа на 91 место

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.