Македонија забележа под од една позиција

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од една позиција на најновата ФИФА ранг листа.
Нашиот национален тим моментално е на 84-та позиција со освоени 425 бода, а пред нас се репрезентациите на Белорусија, Јамајка, Конго, Хаити, Оман и Тринидад и Тобаго.

Никакви промени не се забележани кога се во прашање првите 25 позиции. Првата позиција и понатаму е во сопственост на актуелниот светски и европски шампион, репрезентацијата на Шпанија, а потоа следат селекциите на Германија, Аргентина, Колумбија, Португалија, Уругвај, Италија, Швајцарија, Холандија, Бразил, Белгија, Грција, Англија.