Македонија – земја на несреќни луѓе и сиромаштија

Македонија веќе подолго време се бори со предизвикот како да оствари економски раст, но, Македонците, никако да излезат од мизеријата и нискиот животен стандард, што пак, директно влијае на тоа, жителите на нашата земја да го носат приматот како најнесреќен народ на Балканот.

Сиромаштијата како проблем на многу економии во светот, оосбено помалку развиените, е една од најгорките реалности со кој Македонија се соочува веќе подолг период. За потврда на лошиот квалитетот на живот на жителите на Македонија, не се потребни официјални статистилки показатали и истражувања, но, сепак, секогаш кога за земјава меѓународни финансиски организиции повтроно ќе прикажат песимистички резултати, надежта дека ќе се смени ситуацијата, сѐ повеќе се губи.

Последната шлаканица, која никако да ги освести лидерите на оваа земја, дојде од Светска банка, која излезе со прогноза дека македонската економија годинава ќе биде најслаба во регонот. Ралниот раст на економијата, според нивната проекција, не е толку оптимистички, ќе достигне до 2,9% од БДП, наспроти владините проекции од 3,2%. Јавниот долг се зголемува и годинава ќе достигне до 53,4% од БДП.
Но од Светска банка се уверени дека тоа ќе биде привремено и нема да трае долго, но и дека е добро тоа што Владата не ги потрошила парите од последната еврообврзница.

Статистичките пресметки покажуваат дека од вкупниот приход со кој располагаат сите македонски домаќинства, само 5,6 проценти е на сметките на најсиромашните една петтина жители на државата, а дури околу 40 проценти трошат една петтина од граѓаните кои се во групата најбогати

Само 2,7 проценти од жителите на државата можат лесно да го протуркаат месецот со приходите што ги имаат. Ова го покажува истражувањето на сиромаштијата што го направи Државниот завод за статистика.

Во просек, македонските домаќинства за задоволување на потребите годишно имаат на располагање по околу шест илјади евра, или месечно по 500 евра. Но, најсиромашните 20 проценти годишно располагаат со три пати помалку пари од овој просек кој е земен од сите во државата, или со само 2.000 евра. Тоа значи дека треба да јадат, да платат сметки, да се облечат, да ја одржуваат личната хигиена и хигиената во домот, да се лекуваат, да патуваат, да се школуваат… со само 173 евра месечно, или со околу 10,5 илјади денари.

Наспроти нив, најбогатите 20 проценти од домаќинствата во една година во просек имаат за трошење околу 11 илјади евра, или месечно по 907 евра, односно по околу 56.000 денари.

Македонија веќе подолго време се бори со предизвикот како да оствари економски раст, но, Македонците, никако да излезат од мизеријата и нискиот животен стандард, што пак, директно влијае на тоа, жителите на нашата земја да го носат приматот како најнесреќен народ на Балканот. Оваа титула Македонија ја добива веќе повеќе пати изминативе години.

„World Happiness Report“ е  последното истражување на Обединетите нации, според која анкета, најсреќните луѓе на светот живеат во Финска, Данска и Норвешка.
Во извештајот земјите се рангираат врз основа на конечниот индекс на среќа, а среќата се дефинира по повеќе категории: БДП по глава на жител, слобода, великодушност, социјална поддршка, перципција за корупција во владите и претпријатијата и здравје, односно пристап до медицинска нега.

Според овој извештај, во Македонија живеат најнесреќните луѓе на Балканот. Во државите од регионот, според извештајот најсреќни се Словенците кои се наоѓаат на 44 место во светот. Исто така, нотирано е и дека во пристапот до медицинска помош најдобро е во Словенија а најлошо во Македонија.