Македонија земја со најниски даноци, поддршка за приватниот сектор и најдобра бизнис клима

Македонија остана земја со најниски даноци во Европа. За разлика од останатите земји кои ги зголемија даноците или воведоа нови кризни давачки во текот на должничката криза во Европа, во Македонија даноците останаа непроменети, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во презентацијата на Отчетот за сработеното.

„Го задржавме данокот на добивка на нула отсто ако се задржи или реинвестира добивката, персоналниот данок на 10 отсто, како и намалените стапки на социјалните придонеси, а почнувајќи од 2011 година се спроведоа дополнителни даночни мерки со кои се намали даночниот товар, прво се укина односно, како што беше ветено во програмата, односно на нула отсто се сведе данокот на добивка за малите и микропретпријатија со приход до три милиони денари. Воведена е можност за избор на даночен модел за малите трговски друштва со вкупен годишен приход меѓу 3–6 милиони денари. Намалена е ДДВ-стапката од 18 на пет отсто за суровото масло за јадење, Исто така и ова си беше дел од нашата програма и ветување воведен е пет отсто ДДВ за туризам односно за угостителски услуги за сместување, Намелен е од 18 на 5 проценти и намалени и укинати се царинските стапки за репроматеријали за повеќе сектори, вклучително и во земјоделството, прехранбената индустрија, кондиторската индустрија и во транспортниот сектор“, истакна Груевски.

Ветивме и обезбедивме, рече тој,  поволни финансиски средства за поддршка на македонските компании.

„Со обезбедување на нови 250 милиони евра со субвенционирана камата од 5,5 отсто, им помогнавме на 1.009 македонски претпријатија. Кој користеја од овој кредит“, нагласи Груевски.

Подобрена, е потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ликвидноста на приватниот сектор со целосна исплата на заостанатите обврски.

„Како што ветивме, кон крајот на 2012 и почетокот на 2013 исплатени се сите обврски на буџетот кон приватниот сектор во износ од 92 милиони евра и состојбата е целосно нормализирана кој беше предизвикана од кризата. На крајот на февруари долгот на државата кон стопанството беше сведен на нула, со што целосно го исполнивме ветувањето на Владата кон бизнис-заедницата. Со тоа Македонија е една од ретките земји од регионот која се раздолжи кон стопанството, што беше потврдено и од ММФ и од Светската банка“, нагласи Груевски.

Македонија, како што рече тој,  има најдобра бизнис-клима во Југоисточна Европа и е рангирана пред 20 земји-членки на ЕУ.

„Според извештајот на Светската банка Doing Business 2014, Македонија по четврти пат се најде меѓу топ 10 земји најголеми реформатори во светот. Со тоа, Македонија е рангирана на високото 25. место во конкуренција на 189 земји во светот, што е подобрување од 69 места во однос на 2006 кога бевме на 94 позиција. Според условите за водење бизнис, Македонија е најдобро рангирана од земјите во регионот, а подобро сме рангирани и од 19 земји-членки на ЕУ. Кај одредени индикатори Македонија се наоѓа и меѓу 10 најдобри земји, како што е 3. место кај индикаторот „пристап до кредити“, 7. место кај индикаторот „започнување на бизнис“, но и високо 16. место кај индикаторот „заштита на инвеститори“ што е од особено значење за зајакнување на довербата кај постојните и кај нови инвеститори“, истакна премиерот во своето обраќање.

Според најновата листа на магазинот Форбс, Македонија е рангирана на 36. место меѓу 145 најдобри земји за водење бизнис и во однос на 2007 се забележува подобрување на рангот од 46 места. Со исклучок на Словенија, Македонија е подобро рангирана во однос на сите останати земји од регионот, како што се Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Албанија, Грција, БиХ и Србија;

Македонија е рангирана на 43. место од вкупно 183 земји според Индексот на економски слободи на фондацијата Херитиџ за 2014 година и во споредба со 2006 година остварен е напредок од 35 места. Споредено со земјите од Европа, се наоѓаме на 20. место во конкуренција со 43 земји, при што вкупната оценка за Македонија е над светскиот и регионалниот просек.

„Како резултат на реформите и активната политика на Владата за промоција на Македонија како поволна инвестициска дестинација, во Македонија во периодот 2011-2013 со работа започнаа повеќе крупни гринфилд-инвестиции“, истакна Груевски.

„Џонсон контролс“, американска компанија од автомобилската индустрија, како што потсети тој, во август 2012 година почна со изградба на втората фабрика во Македонија во ТИРЗ Штип и истата официјално почна со производство во јануари 2014 година.

„Џонсон мети“, британски производител на катализатори за автомобилската индустрија во ноември 2013 година ја реализираше втората инвестиција во ТИРЗ Скопје 1 со отворање на новиот производствен погон. „Кемет електроникс“ е американска компанија која во октомври 2012 година официјално ја отвори фабриката и почна со производство, а вкупната инвестиција е вредна 35 милиони американски долари и вработување на 500 лица.

„Кромберг и Шуберт“, германска компанија од автомобилската индустрија, почна да работи во октомври 2013 година и во моментот работат околу 1000 лица во 3 смени. „Кромберг и Шуберт“ во Битола произведува кабелски инсталации за автомобилски производители во Европа како што се Фолксваген, BМW, Ауди, Мерцедес.

„Дрекселмаер“, германска компанија од автомобилската индустрија, производител на електронска опрема и кабелски инсталации, инвестицијата вредна 35 милиони евра во Кавадарци со околу 4000 вработени во 3 смени, а планот е до крајот на 2014 година тој број да достигне до 4800 работници.

„Ван Хол“, белгиска компанија – производител на автобуси за градски и меѓуградски превоз. Инвестицијата е вредна 20 милиони евра со вработување на 500 лица во ТИРЗ Скопје  „Текнохозе“, италијанска компанија, ја купи изградената, во карабина,  фабрика во ТИРЗ Скопје 1 во јануари 2012 година, во која произведува хидраулични спојки за висок притисок и армирани гумени црева за автомобилската индустрија, градежништвото и за други индустрии. Инвестицијата изнесува 10 милиони евра со вработување на 150 лица. Во октомври 2013 година компанијата ја најави својата втора инвестиција во Македонија и инвестирање на дополнителни 11 милиони евра и кој а е четири пати поголема од првата.

„Продис“, дел од руската групација„ Протек груп“ од областа на фармацевстката индустрија, инвестицијата е вредна над 5 милиони евра и отвори 130 нови вработувања. Во октомври 2013 година „Продис“ најави нова инвестиција, а новата фабрика треба да почне да се гради во април 2014 година и ќе биде со нов, поголем капацитет.

„Гришко“, руска компанија, светски производител на балетска опрема во март 2013 година овозможи вработување на 80 лица, а го најави и проширувањето на производството во Македонија со отворање на нов погон во Демир Хисар и вработување на дополнителни 150 вработени.

„Амфенол“, американска компанија од автомобилската индустрија, инвестиција во Кочани со вработување на 1500 лица до 2.000 лица до 2018 година. Веќе почнаа да регрутираат вработувања.

„Неодамна своја инвестија најави и англиска компанија која планира во Скопје да вработи 450 лица, а во првите три години веднаш потоа во внатрешноста на Македонија 550 лица. И уште многу други инвестиции кои започнаа со работа или се во фаза на реализација. Истовремено економските тимови на владата се во активни прегови со уште многу други компании за чии одлуки за инвестирање оставаме тие да ја известат јавноста“, потенцираше Груевски во своето обраќање.