Македонка чувар на сеќавања во Хрватска

Македонката Елизабета Планиниќ е сопственик на првиот и уникатен сервис за одржување на гробовите бидејќи голем е бројот на оние кои не се во состојба тоа да го прават зошто живеат во другата држава или се беспомошни. Таа го расчистува гробот, носи свежи цвеќиња и пали свеќа во спомен.

Елизабета живее веќе 20 години во Хрватска, а смртта на нејзината мајка, односно неможноста редовно да го посетува нејзиниот гроб била причина да почне успешен бизнис, пишува „Јутарњи лист“.
Знаеме дека ќе дојде тој повик- оној во кој ни јавуваат дека некој близок починал, но никогаш не сме подготвени за него. А понекогаш таков повик може да го промени животот. Го промени животот на Елизабет Планиниќ. Нејзината мајка наеднаш починала, но од една тажна приказна, длабока емоција и голема болка се родила нова, радосна приказна и една убава и хумана работа – Чувар на спомени.

Родена во Македонија, а веќе 20 години живее во Хрватска Елизабета знаела колку е тоа важно за луѓето бидејќи самата се нашла во ситуација кога редовно не може да го посетува гробот на нејзината мајка.

Елизабет требала да стане медицински техничар, но како што велат, професијата ги избира луѓето, а не тие неа, па денеска е успешен и наградуван претприемач. Само што не можела да претпостави дека смртта на мајка и ќе ја одведе во претприемништвото.

Освен поради иновативноста и фактот дека сите ќе умреме еден ден, бизнис моделот е всушност фантастичен: почетната инвестиција е мала, практично никаква, трошоците не се фиксни, а фирмата расте од година во година, вели Елизабета.

Фирмата „Чувар на сеќавањата„ ја отворила во 2011 година, заедно со туристичка агенција, но сервисот функционира само со надворешни соработници кои се ангажираат по потреба. Елизабета вели за нив дека не работат за пари, туку пред се, кои знаат што значи да се изгуби некој близок и да им помогне на другите.

Тие работат на дожд, снег, минус 10 и плус 50 степени целзиусови. Кој може да стави цена на тоа? Бев многу благодарна на медиумите кои мојата работа ја прикажаа преку една убава емоција, бидејќи многу лесно можеа да покажат уште една жена која сака да искористи на туѓо страдање и неволја, вели Елизабета, која веќе има конкуренција.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк:https://novac.jutarnji.hr/novcanik/prije-sedam-godina-hitno-joj-je-trebao-prihod-pa-je-osnovala-tvrtku-za-odrzavanje-grobova/7862190/

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.