По налог од Комисијата за хартии од вредност, времено се суспендира тргувањето со акциите на ЗК „Пелагонија“ АД Битола информира денеска Македонска берза.
Од Берзата додаваат дека се очекува и официјално соопштение од ЗК „Пелагонија“.
Вчера медиумите информираа дека има обид за манипулација на помалите акционери во ЗК Пелагонија со што вештачки се крева цената на акцијата на комбинатот, а тоа го прават некои берзански шпекуланти и брокери..