Македонска дипломатка се самоубила во стан на Менхетн во Њујорк

Што се крие зад прекарот на светските метрополи?

Македонска дипломатка се самоубила на новогодишната ноќ во нејзиниот стан на Менхетн во Њујорк, објави Фокс њуз.

Таа била испратена во постојаната мисија во ООН, а пронајдена е од полицијата со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви без знаци на насилство.

Според изјавите на домарот на зградата, таа на четвртиот кат живеела сама две години.

– Тука живееше две години. Сите сме изнендени, беше симпатична и многу добра личност. Вчера доктори дојдоа горе, со амбулантно возило. Дојде некој маж, дипломат. Не знам, амбасадор или нешто слично. Ја побара неа – изјавил Хернан Авила, домарот во зградата за Фокс њуз.

Медиумот наведува дека од официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела таа, засега не добиле одговор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.