„Северна Македонија“ ја поздрави „усташка“ Хрватска со поштенска марка

За да ѝ ја искаже својата благодарност на Хрватска за помошта во евроинтеграциите на Македонија, Македонска пошта со серија поштенски марки „Северна Македонија во ЕУ“ го одбележува 9 Мај, Денот на Европа. Ама во случајов, со марка за Хрватска, со сосема погрешна карта – карта на „голема Хрватска“.

Дизајнерот на марката, уредниците, директорите очигледно по сеќавање од НДХ време (Независна држава Хрватска, марионетскиот усташки хрватски режим за време на Втора светска војна), ја скицирале мапата на денешна Хрватска.

А тоа, според нашата Пошта, значи дека земјата членка на ЕУ, Хрватска, денеска ги опфаќа и териториите на денешна Босна и Херцеговина и дел од Србија и Црна Гора.