Македонска пошта заглавена во долгови, а директорот Макрадули ќе вработува 280 партиски војници

Коронавирус пандемијата и затворањето на Еуростандард банка на „Пошта“ зададоа тешки удари поради кои тоне и генерира загуби. Македонска пошта е меѓу најголемите работодавци во земјава, а од друга страна континуирано тоне во милионски долгови.

„Пошта“ веќе неколку години наназад е на удар на јавноста дека е претворена во институција за згрижување на партиски кадри. Дополнително, последниот ревизорски извештај обелоденува дека, иако во оваа компанија што е во раце на државата, се трупале загуби а сепак менаџментот си обезбедувал бонуси. Според податоци на последниот ревизорскиот извештај компанијата има загуба од околу 10 милиони евра.

Уште еден удар за „Пошта“ беше и затворањето на Еуростандард банка, преку која одеше платниот промет. Околу 20 проценти од приходите на „Пошта“ доаѓале од платниот промет кој сега е замрен по смртта на Еуростандард. „Пошта“ имаше мрежа на експозитури голема колку сите банки заедно.

Но во ек кога „Пошта“ тоне длабоко во долгови новиот директор Јани Макрадули решил да вработува 280 луѓе. Со јавниот оглас ќе се вработат партиски војници на 280 работни места на неопределено време, пишува Република.мк.

Во огласот може да се забележи на кои места колку извршители ќе се вработуваат и се наведуваат критериуми кои треба да ги исполнува еден иден вработен таму. А, нето плата изнесува 17.656 денари. Новиот директор во ек на криза кога другите вработени во „Пошта“ немаат плата тој се дрзнува да вработува партиски војници.