Македонската економија ја очекува тежок период, предупреди Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата во неделата ги критикуваше како задоцнети антимеркиктемерките кои претходно ги промовираше премеирот Зоран Заев од владејачката СДСМ за справување со корона вирусот.

Како што истакна претседателот на опозицијата, македонската економија на чело со оваа Влада не ја очекуваат сјајни денови.

„Искуството од претходните мерки е поразително. Најмалку 45 илјади невработени за 5 месеци. Затоа четвртиот пакет мерки е промашен обид. Мафијата ќе стане побогата, народот посиромашен. Најголем дел од мерките за стопанството и економијата, останаа нереализирани. Имаме најниска реализација на капиталните проекти. Македонската економија со оваа влада ја очекуваат црни денови“, рече Мицкоски.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ новиот четврт по ред пакет мерки за справување со последниците од коронавирусот се само дефокусирање, а со тоа мафијата како што вели Мицкоски ќе стане побогата, а народот посиромашен.

„Не само што се задоцнети овие мерки, туку истото ќе ја продлабочи и онака тешката состојба во државата. Кога веќе се прави ова, требаше да се види искуството од претходните три пакет мерки“, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека резултатите од погрешните политики од владата предводена од СДСМ се историскиот пад на индустриското производство.