10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Македонската економија не е на правиот пат

Македонската економија НЕ е на прав пат, порачуваат од Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2019-та година, профитите на компаниите кои котираат на македонската берза забележаа пад од 13%.

Пад на профитите во проценти на одредени компании:

АДИНГ – Градежништво -50%
БИМ – Свети Николе – Градежништво -40%
Витаминка – Индустрија -70%
Европа – Кондиторска индустрија -63%
Прилепска Пивара -72%
Триглав Осигурување -38%
Вкупно за сите фирми -13%
Извор: Македонска берза

-Доколку се анализираат податоците за собраните даноци за периодот јануари – јуни 2019 година, се забележува пад на приходите по основ на данок на добивка од цели 26%. Земајќи во предвид дека данокот од добивка се плаќа авансно, очигледно е дека наплатата на овој данок и во 2020 година ќе биде ниска. Дополнително, доколку ги анализираме даночните приходи по основ на Приходи од капитал, податоците укажуваат дека Управата за јавни приходи во 2019 година наплатила 1,2 милијарди денари приходи од капитал, додека во 2018 година истите изнесувале 2,3 милијарди денари или пад од 45%. Заменикот министер за економија Г-дин Колемишевски смета дека ова е правиот пат за Република Македонија. Очигледно е дека цените на акциите не растат заради зголемена профитабилност на компаниите, туку од други причини, порачуваат од Комисијата.