Македонската економија тоне, СДСМ се рекламира

Мерките на СДСМ се импровизација, шминка и маркетинг. Тие водат кон осиромашување на граѓаните и пропаст на стопанството. Мерките со кои СДСМ и Владата се фалат не се ниту навремени, ниту соодветни, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Резултати од работата на владеачката партија, според првичните истражувања, се над 100 илјади граѓани кои се соочуваат со отказ, граѓани оставени без приходи, претпријатија пред колапс.

„Само едно е јасно, СДСМ е на власт, а партијата и натаму работи на задоволување на интересите на олигарсите. Во ситуација на здравствена и економска криза, не е време за реклама туку за работа. Потребни се итни и соодветни економски мерки“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.