Со власта на СДСМ и ДУИ македонската економија тоне секој ден, а граѓаните осиромашуваат. Стапката на инфлација во Македонија надмина 11% и е една од највисоките во Европа. Сите основни продукти и потреби на граѓаните пораснаа од 50 до 100%. Власта мува не ја лази, за тоа што стандардот на граѓаните стрмоглаво паѓа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека ако СДСМ и ДУИ го прифатеа Предлог-законот за акцизите, со кој треба акцизите на течните горива да се намалат 50%, и Законот за ДДВ, со кој треба да се намали ДДВ за храна од 5 на 0%, а на горивата од 18 на 5%, ценовниот шок за граѓаните ќе се намалеше.
-вНо, на власта на СДСМ и ДУИ им беше битно да го полнат буџетот на сметка на граѓаните за да можат потоа да трошат за непродуктивни трошоци како што е набавки на службени возила за 5 милиони евра. Освен инфлацијата загрижувачки мал е раст на БДП за првиот квартал на 2022, кој е убедливо наслаб во споредба со земјите од регионот. Во Македонија растот на БДП е само 2,4%, а во Србија и Бугарија тој изнесува над 4%, а во Хрватска и Словенија е 7-8%. Зарем овие земји не се погодени од глобалните кризи? Одговорот е дека овие земји немаат толку корумпирана и криминална власт како што тоа е власта на СДСМ и ДУИ. Затоа велиме премногу е! Затоа повикуваме на Протест за промени на 18 јуни и предвремени избори, кои се решението за излез од кризите, што оваа неспособна Влада ги создава и катализира, се додава во партиското соопштение.