Македонската економија годинава со раст од 3,2 отсто

Светска банка: Политичките случувања во Македонија ќе ја забават економијата
Светска банка: Политичките случувања во Македонија ќе ја забават економијата

Светска банка го објави во средата јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи. Проекциите за нашата земја се надолно ревидирани во однос на претходните од јуни, во којшто кога станува збор за Република Македонија се изнесуваат процени дека минатата 2017 година македонската економија ја завршила со раст 1,5 отсто, одека проекцијата за годинава е раст на бруто домашниот производ (БДП) од 3,2 насто.

Во Светската банка очекуваат динамизирање на стонските активности, па така, проекцијата за растот е 3,9 отсто следната година и 4 отсто во 2020 година.

„Во Македонија по надминувањето на политичката криза, која имаше влијание врз економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит поради најавените трошоци за инфраструктурни проекти“ – велат од Светска банка.

Од регионот, повисок раст годинава од Македонија ќе испорачаат Косово, Бугарија и Албанија. За Босна и Херцеговина процените се слични на македонските, а послаб раст ќе забележат Србија, Црна Гора и Хрватска.

Светска банка објаснува дека светската економија заздравила како резултат на зголемувањето на инвестициите, производствените активности и трговијата. Растот за годинава се проектира на 3,1 процент. Сепак, постои загриженост за во иднина, бидејќи има ризици што можат да доведат до забавување на активностите на подолг рок. Главните предизвици: намалената продуктивност и стареењето на работната сила. Ова ги загрозува подобрувањето на животниот стандард и намалувањето на сиромаштијата во светот.

„Глобалната економија ќе ја има својата најдобра година од светската финансиска криза. Очекуваме раст од 3,1 процент и така ќе се движи и во наредните две до три години. Сепак, големо прашање е колку долго ќе трае оваа експанзија и како ќе заврши. Со оглед на долгорочните предизвици, структурните предизивици поврзани со демографијата и намалената продуктивност, сметаме дека е важно во овој момент да се преземат политики за иднЗината, со цел да се подобри потенцијалот за раст“, изјави Ајхан Косе, директор за развој на Светска банка.

За Еврозоната, пак, проекцијата за 2018-та е 2,1 насто раст на бруто-домашниот производ. Објаснувањето е дека приватниот сектор позитивно реагира на стимулативните мерки од Европската централна банка, невработеноста се намалува, а некои земји веќе се соочуваат со недостиг од работна сила. САД годинава треба да ја завршат со позитива од 2,2 процента.