2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Mакедонската химна во Прилеп во чест на Игор Дурловски (ВИДЕО)

Срцата на стотици прилепчани вечерва чукаа за Македонија, за нејзината унитарност, за зачувување на нејзината посебност и идентитет. Прилепчани први го кренаа гласот за спас на државното име и во голем број вечерва се собраа во центарот на градот, јавува порталот Маркукуле.

Она што беше проследено со најмногу емоции беше интонирањето на државната химна, кое беше посветено на притворениот оперски пејач, Игор Дурловски.