Македонската младинска репрезентација се пласира на ЕП за ракометарки

Победата постигната над Фарски Острови беше втора за Македонија во групата откако претходно беше совладана Молдавија. Македонија го освои второто место во групата, зад Унгарија.

Најефикасна на натпреварот беше Леонида Гичевска со 7 голови, додека Марија Гајиќ постигна 6.

На Европското првенство ќе играат следниве 16 репрезентации: Македонија, Унгарија (група 1), Шпанија, Романија (група 2), Франција, Црна Гора (група 3), Хрватска, Холандија (група 4), Шведска, Србија (група 5), Португалија (група 6), Норвешка (група 7), Германија (група 8), Данска, Русија и Словенија директно се пласирани.