Македонската ракометна селекција обезбеди пласман на СП во Германија и Данска

Македонските ракометари обезбедија пласман на Светското првенство во 2019 година коешто ќе го организираат во Германија и Данска.

Македонската машка ракометна репрезентација во вториот натпревар од баражот за СП, на гостувањето во Клуж загуби од Романија со 25:26 , но благодарение на убедливата победа на првиот дуел во Скопје на кој славеше со 32:24, го доби овој бараж дуел и обезбеди учество на Светското првенство во јануари идната година.

Со тоа македонските ракометари го продолжуваат континуитетот на настапите на големите ракометни смотри. Ова е четврти пласман за Македонија по ред на Светско првенство, и вкупно шесто од осамостојувањето на земјата

Инаку во средата рано попладнето македонските репрезентативци играа оноклку колку што е доволно без преблеми да го потврдат пласманот на мундијалот и покрај тоа што во салата во Клуж условите за натпревар не беа соодветни, температурата беше над 30 степени.

Шпанскиот стратег на романската клупа Чави Пасквал се обиде да изненади со тактиката, во првиот дел Романија играше 7:6 во нападот и тоа им одеше од рака, откако македонските ракометари неколкупати не успеаја да реализираат во ударите од гол на гол, но на одморот домашните отидоа семо со гол предност 12:11.

Во вториот дел Романија дојде до позитива од 24:20, но Македонија со неколку голови ги потпои сите надежи кои во тие моменти се јавија кај Романците. На крајот славеше Романија со 26:25, но Македонија го прослави пласманот на Светското првенство.

Дејан Манасков со седум голови беше најефикасен, шест постигна Кирил Лазаров, а Борко Ристовски имаше девет одбрани.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.