Македонската репрезентација направи скок од две позиции на ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација направи скок од две позиции на најновата ФИФА ранг листа. Нашата селекција има 1.333 бодови, исто колку и репрезентацијата на Кина, па селекции го делат 71. место во светот на фудбалот.

Врвот на ФИФА листата е без промени.

Лидер е Белгија со 1.746 бода, па следува Бразил со 1.726 и Франција со 1.718 бодови.

Топ 10 листата ја заокружуваат Англија (1652), Уругвај (1637), Португалија (1631), Хрватска (1625), Колумбија (1622), Шпанија (1617) и Аргентина со 1610 бодови.