Граѓанин на Македонија почина откако му се слошило додека нуркал во вторникот во областа Бриони кај Вис, објави новинската агенција Hina.
Како што пишуваат хрватските медиуми, веднаш била испратена брза помош за да интервенира, но нуркачот веќе починал.
Областа Бриони кај Вис е една од најатрактивните области за нуркање на Јадранското Море, а тука доаѓаат многу нуркачки ентузијасти од странство.