Македонски државјанин осуден и баран со потерница уапсен во Ќустендил

Судот во Ќустендил во Бугарија му изрече мерка притвор на 52-годишниот Е.Н.  државјанин на Македонија кој е во постапка за екстрадиција.

Како што соопшти Окружното обвинителство во градот, лицето било приведено од полицијата на барање на судските органи на Македонија.

Осуден од Основниот суд во Скопје на три години затвор за измама и е распишана меѓународна потерница по него. Осуденикот довел во заблуда друго лице при купување автомобил „БМВ“, стои во соопштението.

До екстрадицијата во Македонија, Е.Н. ќе го издржува притворот во затворот Бобов Дол.