Пратеници од македонскиот Парламент и шведскиот Риксдаг ќе дискутираат и разменуваат искуства за тоа што можат парламентите да направат за да промовираат поголемо ангажирање на граѓаните, колку добро парламентот го претставува населението, кои се формалните и неформалните структури за дијалог меѓу пратениците/политичарите и гласачите и граѓанското општество, како и за актуелната политичка ситуација во двата парламента.
-Се радуваме да ја продолжиме нашата добра дискусија што ја почнавме во Стокхолм околу демократијата, транспарентноста родовата рамноправност. Се надевам дека нашите дискусии ќе придонесат за подиректна и подобра дискусија меѓу политичарите од различните партии за да се унапреди дијалогот изјави пред почетокот на дебатата втората заменик-претседателка на шведскиот Ригсдаг Лота Џонсон Форнарве.
Нејзиниот македонски колега пратеникот од БЕСА Фадил Зендели кој е претседател на Управувачка група, истакна дека темите се од заеднички интерес и се однесуваат на законодавните постапки, транспарантност отвореност на Собранието во соработката и сите предизвици што ги постојат.
-Најважно е дека може да научиме нешто од нивната демократија, но секако и ние имаме искуства кои може да им ги пренесеме. Политичкиот дијалог на власта и опозицијата во Парламентот не е посебна тема за која ќе се разговара, туку една од темите е политичките случувања кај нас и кај нив, рече Зендели, додавајќи дека во тие рамки ќе се разговара и за политичкиот дијалог.
Денешната дискусија во Парламентот е во рамки работна посета на Делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг.