„Македонски манифест“ за исклучувањето на „Раша тудеј“: Тоа е орлеовски информативен тоталитаризам, Македонците не сакаат едноумие!

Здружението „Македонски манифест“ објави јавно писмо упатено до Владата влада, по повод повторното исклучување на рускиот ТВ канал РТ (Раша тудеј)

Господа од владата, од премиер и претседател па натаму. Гледаме дека со специјален ваш декрет повторно е укинат за македонските ТВ-гледачи рускиот ТВ-канал РТ (Раша тудеј). Македонски манифест повторно ве потсетува дека тоа е орвеловски потег и мириса на гебелсовштина. Оти на овој свет не постои само една вистина, која треба да биде планетарно апсолутна, како што сега со забрана на рускиот ТВ-канал за таква се прогласува англосаксонската „вистина“ на Вашингтон и на импотентниот кон него Брисел. Зарем е само „вистината“ што ја пропагираат како антируска, антикинеска, или антииндиска пропаганда СNN и ВВС. Конечно и, како што е добро познато, антимакедонската пропаганда која беше посебно интензивна и актуелна за време на македонската идентитетска ликвидација со менување на генеричкиот архетип на Македонскиот идентитет Името.

Господо од (анти) македонската влада, вашиот потег со укинувањето на рускиот ТВ-канал е, мораме да ви кажеме, потег на луѓе со заледен ум, „ум“ без хоризонти. Безалтернативен, или исклучиво евроатлански како што милувате гордо да го именувате него вие. А безалтернативноста, господо, како што е добро познато е состојба на мртовец. Ништо друго.

И на крајот од ова наше, макар и мачно, обраќање до вас господо од (анти)македонската влада повторно по којзнае кој пат ќе ве прашаме (а прашани сте уште од многу други) зошто не го укинувате за македонските гледачи и ТВ-каналот БНТ на бугарската национална телевизија која кај нас шири гебелсофска фашистичка пропаганда кон Македонците и нивниот идентитет? Зошто? Или и тоа е во согласност со англосаксонската „вистина“ за Македонија и Македонците кои треба да исчезнат, сега како први од обновениот хитлеров план „Барбароса“ за ликвидазија на Словените, сега како што се гледа јасно подмолно обновен за некои мрачни западни политлаборатории? Постојат безброј прашања на оваа тема, кои за жал вас, господо од владата, не ве интересираат бидејќи не сте луѓе на отворен, туку на затворен, заледен ум, марионетски управуван на копче од Вашингтон и неговата импотентна слугинка бриселска Европа.

А ако мислите дека Македонците ќе ја прифататат „вистината“ што им ја сервирате сега од Вашингтон и Брисел се лажете. Неодродените Македонци за разлика од вас одродени имаат отворен, длабок, аналитички и непоткуплив ум и карактер. Имено, токму и затоа толку многу се срамат од вас.