Македонски Телеком со извонредни понуди во месецот на вљубените

трајановски

Македонски Телеком во месецот кога се одбележува љубовта, подготви  извонредни понуди за своите припејд и постпејд корисници. Новата припејд понуда е идеален подарок за сите лудо вљубени и со неа корисниците за само 299 денари го добиваат Супер пар пакетот со 2 припејд СИМ картички, коишто имаат можност да зборуваат меѓу себе бесплатно. Дополнително, секоја СИМ картичка е со 149,5 денари вклучени за разговори, интернет, ЅМЅ или активирање пакети.

Во месецот на вљубените, освен за припејд корисниците, Македонски Телеком подготви изненадување и за постпјед корисниците. Доколку корисниците бараат нов телефон, сега е вистинскиот момент да го купат долго посакуваниот смартфон, и тоа со супер попуст. Најдобриот телефон iPhone 7 со 32 GB меморија може да се добие со 25 отсто попуст во Smart L тарифата. Исто така, со намалена цена од 20 отсто може да се купат и Samsung Galaxy S7 или Samsung Galaxy S7 Edge во Smart L тарифата.

Промоцијата трае до 15 февруари 2017 година, со склучен Договор за Доверба 24. Количините на смартфони од понудата се ограничени.

Повеќе информации за празничните понуди на Македонски Телеком корисниците можат да добијат на веб страницата www.telekom.mk, на телефонскиот број 122 или во најблиската Телеком продавница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.